Македонија
Владата на вонредна седница за санкциите за Русија и евакуација на македонските државјани во Украина
Владата денеска на вонредна седница ќе ја разгледа информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.
Министрите денеска ќе ја разгледаат и информација за потребата од обезбедување сместување на македонски државјани и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.
За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.
Претходно денеска Европската Унија најави нови санкции против Руската Федерација. Дополнителните санкции, како што се најавува, ќе имаат големи и тешки последици за Русија поради нејзините потези, а ќе бидат воведени во тесна координација со трансатлантските партнери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

