Македонија
Владата не го сака Александар Николовски за амбасадор во Брисел
Владата на синоќашната седница ја запре постапката за именување на Александар Николовски за нов амбасадор на Македонија во Брисел. И покрај тоа, денеска тој се појави на Комисијата за надворешна политика, за да ги презентира своите приоритети како иден шеф на мисијата на Македонија во Европската Унија. Од парламентарното мнозинство тврдеа дека претседателот на комисијата, Антонио Милошоски, недоловнички ја закажал и ја одржал седницата бидејќи за неа немало кворум.
„Спротивно на деловничките одредби, Антонио Милошоски свикал комисиска седница. Се знае дека комисијата не може да се почне без кворум. Тој не го известил ниту претседателот на Собранието ,Талат Џафери, што е спротивно на собраниската практика. Од друга страна, за парламентарното мнозинство оваа дискусија е беспредметна, затоа што владата синоќа ја прекина постапката за номинација на Александар Николовски, рече пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев.
Очигледно на повидок е спор околу заминувањето на Александар Николовски на најважната амбасадорска фотелја во моментов, кој е предлог на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Во Брисел тој требаше да замине во јануари годинава, но поради политичката криза не можеше да ја заврши процедурата во македонскиот Парламент.
Ако не се успее со спорењето на денешната расправа во Собранието, топката е во рацете на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој ќе треба да реши дали да го потпише или не указот за именување на Николовски, наспроти одлуката на Владата да го повлече.
Дипломати од Македонија оценуваат дека владата може да го повлече Николовски во секоја фаза од постапката, па дури и ако замине во Брисел, а искуствата од дипломатската практика досега покажаа дека тоа е можно дури и ако претседателот Иванов не даде согласност за повлекување, едноставно повикувајќи го на вечни консултации. Според нив, иако Николовски ги одбранил тезите и поминал во Собранието, така како што поминал денес, не може да замине ако Министерството не му даде решение за упатување.
Повлекувањето на одлуката за именување на Александар Ивановски беше очекуван потег,бидејќи не е дипломат од кариера туку партиски кандидат кој беше експонирам во голема мерка во бранењето на надворешната политика на претходната влада, така што е нејасно како ќе ја застапува политиката на сегашната, кога се сосема спротивни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

