Македонија
Владата објави како ќе работат моловите, автошколите, обложувачниците, центрите за обука…
Владата ги објави протоколите што произлегуваат од втората фаза од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување ширење на коронавирусот. Во нив е објаснет начинот за работа на автошколите, обложувачниците, потоа начинот за одржување тренинзи на спортисти во поединечни спортови, како и начинот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари.
Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови
1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои може да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5 м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20 м2 за спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица, вклучително и еден тренер, со минимален број технички лица (најмногу две лица);
2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови;
3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите;
4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери;
5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и ако има, се отстранува;
6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник;
7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг одделно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг, со што се избегнува користење на соблекувалните;
8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5 м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание;
9. Тренингот да се врши на отворен простор;
10. По завршување на тренингот, опремата за тренинг и реквизитите се дезинфицираат со средство кое е 70 отсто на база на алкохол;
11. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип ист спортист со ист тренер;
12. Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напивки,
13. По завршување на тренингот, спортистите и тренерот заминуваат дома одделно, без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.
Протокол за отворање и работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувачница
1. Користење заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места;
2. Одржување физичко растојание од 2 метра помеѓу присутните играчи во просторијата,
3. Влез со маски за сите играчи;
4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња;
5. На шалтер е присутен по еден играч со растојание од 2 метра со играчот што следен чека за уплата;
6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувачниците и на пултовите за уплата;
7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување пијалаци;
8. Задолжително редовно вршење дезинфекција на масите и столовите и на другиот инвентар со дезинфекциско средство, кое влијае на вируси според упатството од производителот;
9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство што влијае на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 отсто натриум хипохлорит (5 отсто белило за домаќинство, кое се користи во размер 1:100) или 70 отсто алкохол за дезинфекција на горните површини;
10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциски средства.
Протокол за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари
1. Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа;
2. Пред почетокот на средбата учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење), им се препорачува да не присуствуваат;
3. Се ограничува бројот на учесници во согласност со просторот, со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 до 2 метра, но не повеќе од 30 лица;
4. Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски;
5. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете;
6. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на рацете или употреба на дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол);
7. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите;
8. За време на паузите се забранува групирање на присутните;
9. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство што влијае на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 отсто натриум хипохлорит (5 отсто белило за домаќинство, кое се користи во размер 1:100) или 70 отсто алкохол за дезинфекција за горните површини;
10. Во просторијата да се обезбеди канта за отпадоци со капак.
Протокол за одржување седници на органи на управување и конференции
1. Ограничен број учесници до максимум 30 лица во согласност со просторот, со цел да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5 до 2 м;
2. Учесниците задолжително да носат заштитни маски;
3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете;
4. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на рацете или употреба на дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол);
5. Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите;
6. За време на паузите да се забрани групирање на присутните;
7. По завршување на настанoт, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство што влијае на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 отсто натриум хипохлорит (5 отсто белило за домаќинство, кое се користи во размер 1:100) или 70 отсто алкохол за дезинфекција на горните површини;
8. Во просторијата да се обезбеди канта за отпадоци со капак.
Протокол за отворање и работа на моловите
1. Ограничено/скратено работното време (10-18 ч), затворени во недела
2. Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, ќе се дозволи по едно лице на 5 м2;
3. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот;
4. Задолжително носење заштитни маски и ракавици на вработените;
5. Задолжително носење заштитни маски на купувачите;
6. Одржување физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5 до 2 м;
7. Поставени на јасно видливи места едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки;
8. Регулирање на бројот на купувачи во согласност со квадратурата на продавницата, на 8 – 10 м² продажен простор по еден купувач;
9. Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот, но и бројот на купувачи;
10. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете;
11. Во продавниците за облека забрането пробување на облеката – да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека;
12. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5 до 2 м помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот, да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата, да се обезбеди растојание од 1,5 до 2 м помеѓу касите во редот;
13. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5 до 2 м меѓу купувачите;
14. Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција што влијае на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 отсто натриум хипохлорит (5 отсто белило за домаќинство, кое се користи во размер 1:100) за подот или 70 отсто алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциски средства;
15. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите, со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциски средства.
Протокол за работа на школите за обука на возачи
1. Задолжително користење заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило;
2. По секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото;
3. Организирање теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1,5 до 2 м и задолжително носење заштитни маски од слушателите и предавачот;
4. Поставени средства за дезинфекција пред влезот во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање;
5. Три лица е максималниот број во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот, со носење задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

