Македонија
По првомајските празници, Владата ќе одлучува кога учениците ќе се вратат во училиштата
Владата, по првомајските празници, ќе одлучува дали и кога учениците треба да се вратат во училиштата. Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека се во тек дебати на разни нивоа за училиштата и градинките.
„Градинките и училиштата се дел што го анализираме и најавувам дека по првомајските празници, ќе носиме одлуки. Ниту јас ниту кој било член на Владата во овој момент не може да каже дали треба да се вратат учениците во училиштата, децата во градинките, дали треба одеднаш да се ослободат сите рестриктивни мерки. Тоа ќе го анализираме. Почнуваме дебата на разни нивоа во институциите на власта и врз основа на тоа, ќе ги донесеме одлуките. Важно е да се знае дека одлуките ќе бидат донесени најдобро што можеме за доброто на граѓаните и за заштита на животот“, рече премиерот Спасовски.
Тој нагласи дека сите одлуки што ги носи Владата се базираат на стручните мислења на епидемиолозите, на Комисијата за заразни болести и на Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

