Македонија
Владата: Северна Македонија и Србија имаат одлични добрососедски односи и заедничка заложба за евроинтегриран Западен Балкан
Заеднички пленарен состанок, денеска, во Белград одржаа двете делегации на Србија и Северна Македонија во рамките на официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски и владината делегација, во која се министрите: за внатрешни работи – Оливер Спасовски, за економија – Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство – Љупчо Николовски, за транспорт и врски – Благој Бочварски, како и заменик-министерот за информатичко општество и јавна администрација – Александар Бајдевски.
Заедничкиот состанок на министрите од двете влади го отвори премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која уште еднаш посака добредојде на нашата владина делегација, која е во официјална посета на Белград.
На состанокот од владата на Република Србија присутни беа министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, Јелена Танасковиќ – министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Весиќ – министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура и Дубравка Џедовиќ – министерка за рударство и енергетика.
Двете владини делегации на состанокот ја истакнаа важноста на тесна соработка помеѓу министерствата и институциите, на Северна Македонија и Србија, како и потпишувањето на повеќе меморандуми за уште поголемо унапредување на соработката речиси во сите области.
Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Србија никогаш не биле подобри од денес и се без отворени прашања. Како добри соседи успешно ги надминавме и предизвиците од економско-енергетската криза во рамките на Берлинскиот процес, иницијативата „Отворен Балкан“.
На состанокот беа потенцирани одличните пријателски односи меѓу двете земји, тесната соработка, продлабочување на заемните интереси, како и заедничката определба Западен Балкан да биде регион на траен мир целосно интегриран во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

