Македонија
Владата ја поништи одлуката на Велковски за разрешување на директорот на Центарот за социјална работа – Радовиш
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по забележување на неправилности во работата на техничкиот министер за труд и социјална политика поднесе предлог до Владата на Република Северна Македонија за огласување за ништовно Решение за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година, извести кабинетот на Тренчевска.
„Предлогот е даден по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд врз решението за разрешување по што се утврдени повеќе неправилности. Воедно забележана е и незаконската постапка од страна на техничкиот министер во делот на разрешување на директор во време на распишани избори, со еднострана одлука! Ваквата постапка е спротивна на Законот за Владата на Република Северна Македонија.
Во Законот е предвидено дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот да ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство“, се наведува во соопштението.
На 14 седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука да се огласи за ништовно разрешувањето на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш од страна на министерот за труд и социјална политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

