Македонија
Усвоена информацијата за заедничкото гранично управување со Србија
Министрите на денешната владина седница ја усвоија информацијата за потребата од почнување постапка за водење преговори за склучување договор помеѓу македонската и српската влада за воспоставување заеднички граничен премин за меѓународен патен сообраќај Табановце, Република Македонија, и Прешево, Република Србија.
„Преговорите ќе ги води работна група и таа е задолжена во рок од 30 дена да ја информира Владата за водените преговори при конципирањето на нацрт-текстот на договорот помеѓу двете влади за воспоставување заеднички граничен премин или one-stop-shop“, соопшти владината прес-служба.
Пред три месеци македонскиот премиер, Зоран Заев, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се сретнаа на граничниот премин Табановце-Прешево, од каде што најавија дека ќе почне да се применува заедничкото гранично управување. Со овој проект, како што тогаш најавија, се очекува да се скрати времето на царинење и контроли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

