Македонија
Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час
На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за разгледување ќе се најде и записникот од четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување внесување и ширење на коронавирусот, одржан на 14.6.2021 година, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести.
Во препораките на Комисијата беше напоменато од утре да има целосно укинување на полицискиот час и на ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави, како и дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50 отсто од објектот и не повеќе од 1.000 лица, ова беа препораките што ги донесе Комисијата за заразни болести и ги прифати Главниот координативен кризен штаб против Ковид-19, а се очекува денеска на својата седница да ги усвои Владата.
Покрај седница за носење на најновите препораки од Комисијата за заразни болести, Владата, денеска, со почеток во 11 часот, ќе ја одржи и редовната 78. тематска седница, на која ќе се разгледуваат повеќе информации за склучување договори за инфраструктурни проекти од ТАВ-програмата со 23 општини.
Според предложениот дневен ред, пред министрите за разгледување ќе се најде и информацијата за усвојување текст на меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Командата на врховниот сојузнички командант за трансформација и Врховната команда на сојузничките сили на Европа, во врска со обезбедувањето поддршка од земја домаќин за спроведување НАТО-операции, вежби и слични воени активности.
За заклучоците и одлуките од денешните владини седници јавноста ќе биде информирана со соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

