Македонија
Владата ќе одржи седница во Штип
Како дел од агендата, на редовната четврта седница на Владата на Северна Македонија, што ќе се одржи во Штип, премиерот Спасовски и министрите во Владата ќе имаат серија активности што ќе се одржат во регионот.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, како дел од своите активности во пресрет на владината седница во 12.30 часот во Штип, ќе изврши увид во работата на пречистителната станица „Злетовица“ во населбата Баби. По увидот, предвидени се изјави за медиумите.
Во текот на денот и во рамките на овие теренски активности пред одржувањето на владината седница во Штип, заменик-претседателката во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заедно со британскиот бригаден генерал, Хју Лојд Џонс, ќе ја посети касарната „Јане Сандански“ во 13.30 часот во Штип, во која се реализира обука под менторство на припадниците на вооружените сили на Обединетото Кралство.
Теничкиот премиер Оливер Спасовски во придружба на заменик-претседателката задолжена за координација со економските ресори, Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, ќе ја посети текстилната компанија „Албатрос“ во Штип, каде што ќе оствари средба со менаџментот и вработените во фабриката во 14 часот. По средбата, предвидени се изјави за медиумите. На оваа средба ќе присуствуваат градоначалникот на општина Штип, Благој Бочваров, и претставник на Организацијата на работодавците, како и претставник на здружението „Гласен текстилец“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

