Македонија
Владата: СОЗР нема набавено манго, аспарагус и други специфични намирници
Владата реагира на неточните информации за набавка на овошје и зеленчук.
„Таквите дезинформации се со цел да се креира лажна слика, и да се манипулира вистината, иако изворот на такви дезинформации е добро запознаен со фактичката состојба. Времето на државна „јагма“ како што постоеше за време на минатата власт, заврши. Не е точно дека набавката ја прави Владата, туку редовната набавка ја спроведува Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) и истата е наменета за непречено функционирање на рестораните во сопственост на СОЗР“, велат од Владата.
Според нив оваа набавка се спроведува долги години по истиот принцип, како што е случај и со секој ресторан во државата, кој мора да располага со различни прехранбени продукти, иако некои од нив не секогаш се користат.
„Сакаме да потенцираме дека производи како манго, аспарагус и слични специфични намирници никогаш не биле набавени или нарачани од страна на фирмата која ја добила јавната набавка. Доколку постои барање од одредена висока меѓународна делегација кое вклучува вакви продукти, само тогаш тие би биле набавени согласно потребите.
Важно е да се напомни дека производите што се набавуваат се наплатуваат од крајните корисници. Или за споредба: во периодот од 01.01.2024 до 01.07.2024 година, кога Владата беше предводена од СДСМ, пријавениот промет во рестораните изнесуваше 73.257 MKD. Од 01.07.2024 до 31.12.2024, под раководство на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пријавениот промет достигна 1.263.582 MKD.
Во 2024 година, јавната набавка за овие продукти заврши со аукциска постапка во износ од 2.625.000 MKD. За споредба, истата набавка во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесувала 2.190.045 MKD.
Економските показатели ја потврдуваат намерата на владата да работи одговорно, транспарентно и без непродуктивни трошоци. Воедно напомнуваме дека и цените на услугите и јадењата на СОЗР беа поскапени со цел да нема привилегирани во поглед на користењето на истите услуги“, завршуваат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

