Македонија
Влада: Се укинува карантинот за сите што влегле во земјава од 13 јуни со негативен тест
Сите дејствија по решенијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за периодот од 13 до 25 јуни годинава за лица под здравствен надзор и домашна изолација и лица во државен карантин се поништуваат.
Како што информираат од Владата, главниот координативен кризен штаб доставил барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19.
„Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат“, информираат од Владата.
Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во Слободен печат во текот на два последователни дена почнувајќи од 26.06.2020 год., а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

