Македонија
Владимир Талески и 20 обвинети во „Транспортер“ слушаа разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески
Во кривичниот суд во Скопје продолжи изведувањето на писмените докази во случајот на СЈО со кодно име „Транспортер“. Претходно беше пуштен еден јавно објавен разговор меѓу ексминистрите за финансии и за внатрешни работи, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска, во кој, меѓу другото, двајцата разговараат за превозот на ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Ставрески во разговорот со поранешната колешка Јанкулоска го карактеризира договорот на битолскиот градоначалник за автобускиот превоз на ученици во градот како „коруптивен до даска“.
Ставрески ѝ вели на Јанкулоска: „Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола, Владо Талевски, пи*ка ли му матер. Ни напраи скандал со овие превознициве“.
Ставрески понатаму вели: „До 2010, до јуни, склучен е договор со ‘Транскоп’, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите“.
Ставрески додава: „И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010 отприлика е, кон ‘Транскоп’, 36 милиони денари и 22 милиони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце, се разбира, да ние му ги покриеме долговите“, на што Јанкулоска одговара: „Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести“.
Ставрески вели: „Му реков на Панче ‘ти јави му се, оти ја ако му се јавам, ќе му е*ам мајката, не можам да се воздржам на телефон’. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи, тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец“.
Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата лани третпат почна од почеток. Претседателка на советот е судијката Добрила Кацарска. Обвинети се 21 лице за злуопотреби со превозот на уленици во Битола. По изведувањето на доказите на Обвинителството, следуваат доказите на обвинетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

