Македонија
Владина делегација положи цвеќе во чест на бранителите по повод 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале
Делегација на Владата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата, Драган Василевски, денеска, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје, оддадоа почит и положија цвеќе во чест на бранителите, кои учествуваа во вооружените борби на тетовското Кале, во воениот конфликт од 2001 година.
На одбележувањето на 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале, пред „Споменикот на бранителите“ во паркот „Жена борец“ во Скопје присуствуваа, оддадоа почит и положија цвеќе повеќе високи делегации, меѓу кои делегација од кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, припадници на Армијата и полицијата, претставници на бранителите, нивните пријатели и членови на семејствата. Настанот е во организација на партијата „Достоинство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла на патот с.Лисец – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50м. има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Силен ветер ја зафати Битола: на неколку локации предизвикани штети
Силен ветер попладнево ја зафати Битола, според објавија надлежните во овој град.
Ветерот според информациите предизвикал штети на неколку локации.
„Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и екипите на јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, постојано се на терен, по силниот ветер кој денес ја зафати Битола и сеуште предизвикува штети на повеќе локации.
Екипите дејствуваат координирано на повеќе места, а ќе останат на терен се до расчистување на сите локации“, соопштија од општинската управа.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.