Македонија
Владина делегација предводена од Ковачевски положи цвеќе на споменикот на светите Кирил и Методиј во Охрид
Во чест на одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, владина делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на споменикот на светите браќа Кирил и Методиј на градскиот плоштад во Охрид.
На настанот организиран со високи државни почести, цвеќе положија и официјални делегации од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија, делегација на Армијата на Република Северна Македонија, на Сојузот на борците од НОАВМ, на дипломатскиот кор, претставници на политички партии и други институции.
Владата на Република Северна Македонија годинава, преку низа настани, организира свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј во Охрид, со кои им оддаваме чест за нивната непроценлива хуманистичка и просветителска мисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

