Македонија
„Власта на СДС и ДУИ преку владиниот секретаријат за една година потрошила 23 милиони евра на сомнителен начин“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од СДС и ДУИ наместо да се грижи за граѓаните се грижела за интересот на поединци и за партискиот интерес. Државниот завод за ревизија за 2021 година констатирал неосновано исплаќање на средства од страна на Генералниот секретаријат на Владата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Генералниот секретаријат исплатил средства на несоодветен начин од делот владини програми во 2021 година во износ од 1.404.711.000 денари, односно 23 милиони евра.
Додека Генералниот секретаријат исплаќал неосновано 23 милиони евра граѓаните се лечат во несоодветни услови, собираат пари за лекување на деца со помош на смс пораки, учениците не добиваа учебници, цената на струјата се покачи и слично.
Ова е еден од многуте примери за недомаќинско трошење на парите на парите на граѓаните од страна на владата предводена од СДС и ДУИ. Секој кој постапувал спротивно на законот мора да одговара“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.