Македонија
ВЛЕН: Апасиев во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана
„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВЛЕН.
„Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН.
Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.
Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“, пишува во соопштението на ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците на ул. Хелсинки од бр. 22 до бр. 36, општина Карпош.
Македонија
Следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од денеска во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позивитивни.
Македонија
Општина Чаир: Утре ќе се одржи комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи
Комеморативната седница посветена на пејачот Шпат Касапи ќе се одржи во вторник, 2 Декември 2025 година, во 13:00 часот, во општина Чаир.
„Овој момент на сеќавање има за цел да го пренесе поширокото културно и институционално признание за неговото дело и за влијанието што го остави во албанската музичка уметност.
Паралелно, книгата за сочувство ќе биде поставена во просториите на Општината и ќе биде отворена од вторник до петок, за сите граѓани и претставници на уметничката заедница кои сакаат да го изразат своето сочувство“, велат од општина Чаир.

