Македонија
„Влен“: Го зголемивме буџетот во високото и средното образование, работиме на подобрување на квалитетот
За 2025 година Владата одлучи да го зголеми буџетот за образование, а од коалицијата „Влен“ велат дека станува збор за буџет кој ќе достигне вредност од 38 милиарди денари.
„ВЛЕН го зголеми буџетот за образование за повеќе од два милиони евра. Ова ја покажува сериозноста и посветеноста на ВЛЕН на најделикатното поле на образованието кое беше во тотална летаргија. Со гордост, задоволство и целосна одговорност ја информираме пошироката јавност дека ВЛЕН го зголеми буџетот и за Универзитетот во Тетово каде за 2025 година се предвидени 18 милиони евра, додека буџетот на истиот универзитет за 2024 година изнесуваше 12 милиони евра. Значи, имаме зголемување од 6 милиони евра за оваа година. Ова е промената од план во терен.
Нашата одговорност не завршува тука, бидејќи нашиот пристап не е ниту селективен, ниту половичен, со големо внимание се грижиме за нашите јавни универзитети бидејќи ја знаеме и историјата на нивното основање. Затоа, слично како и на тетовскиот универзитет, издвоивме многу пати поголем буџет од претходните години. За Универзитетот “Мајка Тереза“ за 2025 година се издвоени и 4,8 милиони евра.
Министерството за образование и наука во 2025 година се подготви за зголемување на квалитетот на наставата, преку подобрување на образовната инфраструктура, реформирање на системот за финансирање преку грантови и обезбедување квалитет и ефективност во високото образование во согласност со добрите европски практики.
Коалицијата ВЛЕН со голема одговорност се залага и за средното образование каде што предвидовме зголемување на буџетот во 2025 година на 29 милиони евра. Зголемувајќи ги платите на наставниците и во основното и во средното образование. Нашата влада ќе продолжи да се залага за реконструкција на основните училишта и изградба на спортски сали во основните училишта.
Исто така, во текот на оваа година сме решени да се ангажираме за подобрување на квалитетот на животот на студентите, преку подобрување на условите во студентските домови. Владата предвиде големо зголемување на буџетските средства планирани за Енергетската Рехабилитација на студентските домови, каде што предвидениот буџет за наредната фискална година е шест милиони евра.
ВЛЕН се залага за добро владеење, подобар квалитет во образованието и подобри услови за нашите студенти. Затоа што тоа се национално богатство на оваа држава и затоа мораме да ги третираме како такви. ВЛЕН е иднината на Албанците во Северна Македонија. Студентите се сегашноста и иднината на земјата и регионот“, се вели во соопштението на „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

