Македонија
„Влен“: Кражбата е синоним за ДУИ, нивното 20-годишно владеење ги остави граѓаните без трошка надеж
На владината седница на која на дневен ред беше ребалансот на буџетот, на која меѓу другото беа обезбедени 100 милиони евра за општините и покачувањето на пензиите за 2.500 денари веднаш и уште 2.500 следната година, коалицијата Влен ја докажува својата посветеност на граѓаните, велат од оваа коалиција.
Коалицијата утврдила дека претходната влада предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими од редовите на Демократската унија за интеграција го оставила буџетот во катастрофална состојба.
„ДУИ за жал безмилосно го украде и државниот буџет. Нивното владеење над 20 години ги остави без зрно надеж граѓаните, особено албанските населби, каде што имаме егзодус на млади Албанци.
Оваа партија, освен што е позната по крадењето и корупцијата, демонстрираше целосна нетранспарентност и одговорност, уништувајќи ја довербата на граѓаните во јавните институции.
– Буџет во алармантна состојба: Додека ДУИ беше во власт, буџетот се менаџираше катастрофално, оставајќи ја земјата во многу тешка финансиска состојба.
– Непотизам: Назначувањата што ги има направено за време на нејзиното владеење беа врвот на ледениот брег на културата на непотизам, каде клучните позиции беа пополнети со поединци кои ја имаа првата работа како директор, додека како принцип го имаа дека добар Албанец е само тој Албанец кој е близок и лојален на партијата.
– Корупција и злоупотреба на власта: ДУИ ја искористи секоја можност за нечесно профитирање, занемарувајќи ги интересите на граѓаните и уништувајќи ја довербата во јавните институции“, се посочува во информацијата од Влен.
Коалицијата, како што додаваат, е решена да се бори против оваа болест и да ги извади во површина само најдобрите за да има чесно, транспарентно и одговорно владеење. Ги повикуваат граѓаните да бидат будни и да бараат одговорност од сите функционери.
„Сега е време за промени и дела. Коалицијата Влен ќе продолжи да се бори за изградба на подобра иднина за сите граѓани на нашата земја, далеку од корупцијата и непотизмот што го карактеризираше владеењето на ДУИ“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

