Македонија
„Влен“: Само длабоки реформи може да ја спасат ДУИ од колапс
Бујар Османи, познат по случајот Пациент, се фали дека ДУИ го донела законот за рестриктивни мерки за оние на црната листа. Но, заборави да спомене дека токму тие, кога технички премиер беше Талат Џафери, предложија и одобрија измени на законот за рестриктивни мерки. Токму ДУИ го смени законот со кој им забранува на луѓето кои се на црната листа на САД или Велика Британија да заземат јавни позиции, велат од „Влен“.
„Артан Груби, слуга на Грувски и Мијалков, Бујар Османи, обвинет во случајот пациент, и двајцата заеднички во служба на класичните антиалбанци . Едниот бегалец и другиот збунет за власт, плачат и тагуваат зато што народот ги испрати во опозиција. Граѓаните ја разбраа вистината и не потпаѓаат на измамите што ги изнесуваат во јавноста. ДУИ е оставена на милост и немилост и само длабоки реформи можат да ја спасат од колапс и да излезе од бездната на криминалот во која потона. ДУИ мора да го прифати фактот и вистината дека сега е во опозиција и не може да диктира и договара тендери за своите пријатели“, велат од „Влен“.
Се додав дека дојде време да се придонесе со вистината за граѓаните, а не само за џебот на неколку функционери и нивни пријатели. Заврши времето на празни зборови, ветувања и измами на ДУИ, Артан и Бујар. Сега е ерата на ВЛЕН, на конкретни акции за граѓаните и Албанците. За подобар, достоинствен и автентичен живот, додава „Влен“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

