Македонија
„Влен“: Ќе има целосно расчистување на злоупотребите во Лотаријата, законска одговорност за сите оние што постапиле спротивно на законот
„Ангажманот на ВЛЕН во насока на уништување на коцкањето не беше добро прифатен од опозициската албанска партија ДУИ. Зашто, за овие последниве, казината беа претворени во кошници од кои “земаа мед” за да купат гласови и да преживеат на политичката сцена. Затоа, нивната загриженост е оправдана, и тие се нервозни, бидејќи дејствуваат од нивната позиција како опозиција. Но, многу брзо кошниците на ДУИ (казината) ќе бидат искоренети, а ДУИ ќе оди во историјата“, велат од ВЛЕН.
„Нивните договори се обидуваат да ги прикријат преку обвинувања базирани на клевети. Ова претворање во улога на будала не било видено никогаш до сега во нашиот политички плурализам. И, нема сомнеж дека нема да помине толку лесно, бидејќи ВЛЕН не дозволува да се потценува свеста на граѓаните, каде нивните измами ќе бидат сокриени зад измислени обвинувања.
Општо познато е дека кумот на кумот на казиноманите, Артан Груби, дал негативно мислење за затворањето на онлајн коцкањето, а извршител на неговите наредби е Прпарим Бајрами.
Државната лотарија од 2015 година, односно од 2017 година според законот за организирање на игрите на среќа, немаше лиценца за да ја врши оваа дејност. Но, тоа не ја спречи државната лотарија на нелегален начин да продолжи со создавање на разни компании кои се занимаваа со онлајн казина, чии инвестиции достигнуваа стотици милиони евра. Но со автентичното толкување на законот за онлајн игри на среќа, актуелната влада целосно ги затвори онлајн казината.
Пратениците Албанци од коалицијата ВЛЕН ја поднесоа барањето за автентично толкување.
Коалицијата ВЛЕН има конкретен план за справување со штетните последици од игрите на среќа, кој веќе се спроведува. Благодарение на тој план ги отстранивме игрите на среќа од домовите на граѓаните затворајќи четири компании на кои Артан и Перпарим им дадоа без основа лиценци за игри на среќа на интернет.
Ќе има целосно расчистување на злоупотребите во Лотаријата, законска одговорност за сите оние кои постапиле спротивно на законот и нов Закон за игрите на среќа кој ќе го намали бројот на казина најмалку на половина“, соопшти ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.
Македонија
ДИК: До 19:00 часот гласаа 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа
Државната изборна комисија информира дека до 19:00 часот денеска од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуше и Центар Жупа до 19:00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово – Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.
Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности, велат од ДИК.
ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно.
„Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа“, стои во соопштението на Државната изборна комисија.

