Македонија
ВМРО-ДМПНЕ: Што побрзо СДСМ си замине, толку побрзо граѓаните ќе се оправат од сиромаштијата и бедата
„СДС не ги штити граѓаните, туку ги ограбува, а со купи ден – помини политики, односно со привремено решение од замрзната цена, мерка која ни самите во влада не ја почитуваат, сака да се прикаже месија, во ситуација кога дозволи се да поскапе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС самата во Влада набавува леб поскап 30-100% поголеми од цената која ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб или додека за белиот леб со продолжен рок плаќа 75,6 денари. Покрај тоа, ако СДС навистина сакаше да го заштити стандардот на граѓаните уште пред една година ќе донесеше соодветни мерки, ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните.СДС тоа не го направи, наместо тоа ја поскапи струјата за бизнисот и граѓаните и дозволи цените вртоглаво да растат“ посочија оттаму.
Според нив, поради криминалните политики на СДСМ граѓаните имаат десетици илјади денари повисоки месечни трошоци, сметките им се значително поголеми, а основните производи поскапеа за 50%, а некои и за 200%.
„Влада која се грижи за граѓаните не дозволува инфлација од 20%, односно двојно повисока од таа во еврозоната каде стандардот е многу поголем. Реалноста е дека СДС не размислува за стандардот на граѓаните, туку за профитот на своите функционери и милионските криминални тендери. Затоа што побрзо СДС си замине толку побрзо Македонија и граѓаните ќе се оправат од сиромаштијата и бедата во која оваа влада ги носи“, дополнуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!
„Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено“, велат од „Влен“.
„Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет.
Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците.
Во првиот круг, ВЛЕН убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика.
Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува.
Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика.
ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија“, соопштија од „Влен“.
Македонија
Делови од пет скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
· од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Димче Милошевски. (Општина Гази Баба)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. 1 во с. Сопиште. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Димитар Мирсачев. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на ул. Леринска бр. 3. (Општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно, претпладне слаба магла, попладне повремени врнежи од дожд
Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на слаба магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.

