Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:Покачувањето на акцизата ќе удри по џебот на граѓаните
„Власта нема капацитет да ги заштити граѓаните и да им помогне во оваа криза. Здравството минативе три години е клекнато на колена од коруптивните зделки, а економијата е урнисана и ограбена од криминалците на функции. Граѓаните се оставени сами да се борат, а во целата немаштија, Владата очекува тие да ја плаќаат нејзината неспособност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, состојбата со епидемијата на коронавирусот ескалира. Нашата држава секојдневно ги брои жртвите и новозаболените. Покрај колапсот на здравствениот систем ни се случува и целосен колапс на стопанството, а состојбата од ден во ден е се полоша.
Голем број стопанственици се пред одлука дали да ги затворат своите компании кои што со години успешно работеле.
„Илјадници граѓани се оставени без приходи и парче леб. Според анкетата која што се појави во медиумите над 100 илјади граѓани добија привремен отказ, а мерките на Владата не се доволни за да граѓаните ги зачуваат своите работни места.Мерките на Владата дополнително ќе удрат по џебот на граѓаните. Се погласни се најавите дека ќе се зголеми акцизата за нафтените продукти со што директно ќе се зголеми и цената на горивата, на штета на граѓаните.Македонија се соочува со најсериозната криза од осамостојувањето. поради тоа се потребни сериозни мерки, а не гол популизам и политикантство“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

