Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев, оската на злото, ДУИ – СДС нема да избега од правдата
Не ги носи никој во „мрачниот српско-руски свет“ како што сеат магла Османи и ДУИ, туку во светот на одговорноста – пред лицето на законот, за целиот криминал и предавства што ги направи криминалната клика.
Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Венко Филипче и Зоран Заев можат колку сакаат да зборуваат за Европа и за вредности, но токму тие се синоним за криминални тендери, модуларни болници што гореа и убиваа луѓе, уништени институции, раскопана економија и тргување со националните интереси, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На Бујар Османи „рускиот свет“ му е Павлов рефлекс – веднаш кога нема што да каже, излегува со „руски“ или „српски свет“ и мисли дека со тоа ја завршил работата. Толку многу ги потценува Албанците што мисли дека нафта пијат, токму од онаа што луѓе блиски до ДУИ и до струмичките тајкуни кланови ја носеа во РЕК Битола. Османи има синдром на напуштена љубовница, која очајно сака да се расправа, надевајќи се дека ќе го импресионира својот лидер кој внимателно одмерува дали токму тој ќе биде наследникот.
Додека Албанците и Македонците заедно страдаа, мала корумпирана клика на оската на злото „ДУИ–СДС“ се богатеше на грбот на народот. Јахти, станови и милионски бизниси беа нивната вистинска агенда, додека граѓаните едвај преживуваа во сиромаштија и инфлација“.
Затоа, додаваат од партијата на власт, панично бараат алиби и кријат зад измислени стравови. Но, според ВМРО-ДПМНЕ, времето на ДУИ и СДС завршува. Ова, како што додаваат е време на правда и одговорност, време кога Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев ќе мора да одговараат пред законот, а граѓаните конечно ќе живеат во правна држава со европски вредности и чесни институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силувале 13-годишно девојче, ја удирале и навредувале: осомничени четири лица од Неготинско
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник.
Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал.
Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино.
Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени со мерки на претпазливост, а со поведувањето на истрагата јавниот обвинител побара од судот мерките да се заменат со ефективен притвор, особено бидејќи прибраните докази до овој момент упатуваат на сомненија за тешко кривично дело за кое е запретена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Македонија
Минчев: Градиме координиран и професионален инспекциски систем во служба на граѓаните
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес претседаваше со првата конститутивна седница на Колегиумот на директори на државните инспекциски служби, при што Министерството за јавна администрација ја исполни законската обврска за одржување на оваа седница, но и постави основа за поефикасна, посистемска и усогласена соработка меѓу сите инспекциски органи во државата.
Целта на Колегиумот не е само формална координација, туку суштинско унапредување на размената на информации и добри практики, усогласување на инспекциските постапки, заедничко планирање на активности, како и навремено идентификување и надминување на системските предизвици.
„Очекувам овој Колегиум да прерасне во вистинска платформа за стратешки дијалог, каде што ќе се отвораат прашања од заеднички интерес, ќе се предлагаат конкретни решенија и ќе се градат политики кои ќе придонесат за поголема правна сигурност, подобра услуга кон граѓаните и стопанството и зголемена доверба во институциите“ – истакна министерот Минчев.
Министерството за јавна администрација, како што беше нагласено на седницата, ќе остане силен и активен партнер во процесот на реформирање на инспекцискиот систем, со јасна заложба за професионализација на инспекциските служби, унапредување на институционалните капацитети, дигитализација на процесите и доследна примена на законските решенија.
Министерот посочи дека новиот Закон за инспекциски надзор става посебен акцент на планирањето како темел на квалитетен, ефикасен и предвидлив инспекциски надзор.
„Овој закон не претставува само формална нормативна рамка, туку суштинска реформска алатка која поставува нови стандарди на професионалност, одговорност и координација во работењето на инспекциските служби“ – нагласи Минчев.
Македонија
Одговорноста е твоја најголема добивка – Mozzart ја продолжува својата кампања за одговорно кладење
Mozzart ја продолжува својата кампања за одговорно кладење – затоа што вистинската победа не е во бројките, туку во контролата.
Секој ден носи избори. Некои се мали, некои големи – но сите имаат последици. Кога играме одговорно, ја чуваме радоста и довербата на оние што нè сакаат. Одговорната игра е знак на зрелост и почит – кон себе, семејството и заедницата.
„Во спортот, како и во животот, дисциплината носи резултати. Но без одговорност, секој успех е залуден. Одговорноста е привилегија што нè прави победници – не само на теренот, туку и во животот. Постави мерка, почитувај ја и играј одговорно,“ порача познатиот водител Димитар Атанасовски во рекламата на Mozzart.
Забавата е убава само кога има граници – затоа што границите нè штитат.
Пораки од кампањата:
– Одговорноста е твоја најголема добивка.
– Забавата има смисла само кога ја контролираш.
– Постави лимит и држи се до него – тоа е твојата победа.
– Не дозволувај играта да стане товар – задржи ја како радост.
Со оваа иницијатива, Mozzart уште еднаш ја покажува својата општествена одговорност и посветеност кон создавање безбедна средина за сите играчи. Целта е јасна: култура на свесно и безбедно обложување, каде секој знае дека вистинската победа е во контролата, а не во ризикот.
ИНФОРМИРАЈ СЕ во новиот водич на Mozzart. Одговорноста е привилегија. Играј одговорно Mozzart.
ПР

