Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска бара 11 милиони за ПР услуги, а нема пари за превозниците на кои им должи
Единаесет милиони денари побарува Арсовска за пресконференции и приватна продукција за медиумски активности. Пари кои ги бара, како што е наведено за подобрување на транспарентноста, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Не и се потребни 11 милиони денари, ниту на неа, ниту на Секретарот на градот Скопје за да не бегаат од новинари, кога бараат одговор на прашањата кои ги мачат граѓаните.
Арсовска наместо да фрла 11 милиони денари за видеа и разни други форми на комуникација, може да почне со плаќање на долгот кој го има ЈСП кон приватните превозници, а кој го потврди и УЈП дека е точно 1.5 милион евра.
А за ПР и видео материјали, Арсовска има Сектор за поддршка на градоначалникот и Одделение за односи со јавноста, каде има раководител и 8 вработени, кои се задолжени за информирање, пресконференции, анализи и изработка на ПР материјали за промоција на градот.
Арсовска очигледно дека сака овие 11 милиони да ги троши на чиста лична пропаганда“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

