Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети и Груби со сите сили го бранат поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, тие се лажен ЕУ-фронт и криминална банда, кои набргу ќе одговараат
Интересно е што Ахмети и Груби со сите сили го бранат поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, тие се лажен ЕУ-фронт и криминална банда, кои набргу ќе одговараат, реагира опозициската партија.
„Интересно е што Али Ахмети, Артан Груби и ДУИ со сите сили го бранат поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ.
Зелените, кои сега се лажен ЕУ-фронт, а во суштина се криминална банда, која набргу ќе одговара, ќе мора да им објаснат на граѓаните Македонци, Албанци и другите зошто не владее правото, туку партиски наредби во судовите и Обвинителството. Зошто гореше модуларната болница во Тетово, а со тоа изгореа невини човечки животи. Зошто се случија ‘Дурмо турс’ и ‘Беса транс’, каде што луѓе ги загубија своите животи поради системот што не функционира. Зошто учениците сè уште немаат книги, а неизвесно е дали ќе добијат свидетелства. Зошто здравството е во колапс и луѓе умираат во ходниците во болниците итн…
Али Ахмети и Артан Груби нека продолжат да го бранат поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ, а за рејтингот има еден начин да се провери вистината, тоа се избори, само кукавици се кријат со демагогија, вистинската проверка е на избори. Ќе ги потсетиме на последните локални избори и на резултатите во Гостивар и Тетово“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

