Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети кога сака да се допадне пред странците, се откажува од Косово, а кога со СДСМ краде на тендери, станува загрижен патриот
Секогаш кога Али Ахмети сака да ѝ се допадне на меѓународната заедница, во неговите средби се откажува од Косово и ја фали иницијативата на Србија „Отворен Балкан“, каде што Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да им поминат тендерите и милионите во РЕК и „Осломеј“, Ахмети станува загрижен патриот и зборува за Косово, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите што 20 години се извор на криминал и корупција.
Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за ДУИ да се покрие во моментите кога од народот краде најмногу.
И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен. Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши до милионски тендери за РЕК на Ковачевски, кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и СДСМ не смее да бидат феудалци кои се недопрени од законот, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

