Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност за Богоевски, велат дека оставката не може да биде оправдување

Оставката не е и не може да биде оправдување и амнестирање од направениот криминал, а Богоевски мора да сноси кривична одговорност за трговија на наркопазарот, изјави порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„МВР и ЈО мора итно да спроведат акција врз основа на личното признание на Павле Богоевски за да се открие целиот синџир за трговија со наркотици, но и да се провери кои сè од претставниците на власта, на парламентот и јавни функционери биле дел од таа и од таква криминална трговија, но и злоупотребувале наркотици. Очекуваме против Павле Богоевски да бидат преземени мерки за заштита за обезбедување присуство имајќи предвид дека Богоевски ја извршувал функцијата пратеник во Собранието и може да влијае врз сведоци во истрагата“, рече Стоилковски.
Претходно, денеска, Павле Богоевски најави дека ќе поднесе оставка по скандалот со аудиоснимката објавена на руската мрежа „Вконтакте“. Оставката на Богоевски ќе важи по гласањето на седница за предлогот за одземање на мандатот на Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.