Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара пописот да се одржи во 2021 година
За ВМРО-ДПМНЕ, успешен попис ќе биде само пописот што е целосно усогласен со стандардите на Европската Унија и со стандардите на Евростат, изјави пратеникот Илија Димовски и рече дека пописот би требало да се одржи во 2021, а не оваа година како што најавува власта.
„За жал, граѓаните, а и ние, повторно имаме чувство дека пописот се користи за политички цели и е предмет на политички калкулации помеѓу партнерите во владејачкото мнозинство. Како пример, видовме дека тоа не е добро и не сакаме да дозволиме да биде предмет на политички калкулации“, рече Димовски.
Тој истакна дека пописот не смее и не треба да се разбере како страв или како радост на која било етничка заедница од можноста за добивање или губење какви било граѓански права.
„Пописот мора да биде исклучиво статистичка операција што ќе помогне за понатамошниот развој на Република Македонија“, истакна Димовски.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од владиното мнозинство пописот да го спроведе во 2021 година.
ВМРО-ДПМНЕ бара во најмала рака да има еден формулар каде што попишувачите и човекот што дал податоци ќе стави свој потпис и ќе одговара за податоците.
„Тие што ќе се попишуваат преку електронска апликација, според нас, не треба да се водат како резидентно население. Немаме проблем да се попишуваат граѓаните, но да знаеме точно кои се резиденти според статистиките на стандардите на ЕУ и Евростат, а кои се попишуваат, а не се резиденти во нашата држава, затоа што може да се случи во пописот како резиденти во Република Македонија да се попишат и лица што живеат подолго од една година, а немаат македонско државјанство“, рече Димовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Ведро и студено утро, преку денот сончево со умерен ветер
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Денеска времето во Скопје, ќе биде сончево и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Времето во наредните денови
Во петок времето ќе биде променливо облачно и студено со минимални температури насекаде под нулата. Во западните делови ќе има повремени врнежи претежно од снег. Потоа продолжува периодот на променливо облачно и потопло време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

