Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Наумче Мојсовски по тврдењата на антикорупциската комисија
Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека Јавното обвинителство треба да реагира за злоупотребите на пари во Агенцијата за млади и спорт за кои обвини Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а премиерот Ковачевски да го разреши директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски.
Попов вели дека Ковачевски, наместо веднаш да постапи по ваквите тврдења на ДКСК и да го разреши Мојсовски, тој молчи и го остава на позицијата давајќи му простор да продолжи со дејствата за кои постои сомнеж дека ги правел.
„Преку Агенцијата за млади и спорт годишно на федерации и клубови им се доделуваат средства во висина од речиси 1 милијарда денари. Според ДКСК, сомнителни се последните 3 години, односно 3 милијарди денари. Според ДКСК, постои основано сомнение дека претседателот и членовите на централната комисија во 2020, 2021 и во 2022 година, по пат на злоупотреба на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури, извршиле распределба на средства, со што го оштетиле буџетот на државата, но и лицата што имале законско право на вакви средства, а не им биле доделени. Сомнежите се дека Наумче Мојсовски, назначен од СДС, извршил злоупотреба и фаворизирал клубови и федерации на сметка за него неподобни. И сето ова се случувало 3 години и никој од власта не го спречил“, рече Попов.
Тој праша зошто молчат Ковачевски и Ахмети, дали и тие се дел од шемата за финансирање клубови и дали затоа Мојсовски е сè уште директор на Агенцијата за млади и спорт.
ДКСК претходно објави дека не почитувајќи ги критериумите за доделување средства по ваучер-системот, постојат сомнежи дека Централната комисија во континуитет од 2020 година досега врши незаконска распределба, односно доделување ваучери на повластени корисници, федерации и клубови во согласност со интересот на поединци и групи, можеби и политички партии, и ги ставиле во неповолна положба оние спортски субјекти што не добиле соодветни средства иако тоа право законски им припаѓало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

