Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски призна дека трасата за автопатот Кичево – Охрид не била промашена
Владата е генератор на лажни вести, а Зоран Заев е најголемиот измамник во Македонија, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Преку соопштение опозицијата обвинува дека Заев рекол оти трасата за автопатот Кичево-Охрид била промашена само за да го оцрни проектот на ВМРО-ДПМНЕ, за да ја оправда сопствената неспособност и да украде пари.
„Вчера неговиот послушник Бочварски призна дека лажеле и дека трасата не е промашена, а Заев за три години власт не успеа да го доврши проектот, но склучи дополнителни анекси на договорот тешки стотици милиони евра.
Заев ги излажа граѓаните пред предвремените парламентарни избори во 2016 година. Заев ги лаже граѓаните и сега. Разликата е што во 2016 граѓаните му поверуваа, а сега никој не му верува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата додава и дека постоело верување за 140 милиони евра за развој на домашните фирми, а дадени се само 10 милиони евра преку Фондот за иновации на фирми на роднини на функционерите на СДСМ.
„Граѓаните не му веруваат на Заев затоа што вети дека ќе ги изгради ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште. Три години како е на власт нема ни И од изградба. Граѓаните не му веруваат на Заев затоа што вети пренамена на ТЕЦ Неготино во енергетско-земјоделски комбинат, кој ќе функционира на природен гас. Три години откако е на власт ништо од тоа што е ветено не е ни почнато. Зоран Заев сè што вети излажа. Владата е генератор на лажни вести. Следува одговорност за сите лаги во изминативе 3 години. Претстои промена. По 12 април следува обнова на Македонија“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

