Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Брзи избори нема да го спасат Зоран Заев, сите негови маски паднаа

„Избори ќе има кога нема да има опасност за здравјето на граѓаните на Република Македонија. Брзите избори нема да го спасат Зоран Заев. Зоран Заев веќе е прочитан од граѓаните. Сите маски на Зоран Заев паднаа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, од бомбите јавноста слушна и како под целосна контрола на Заев и во негова служба е ставено рекетарското СЈО. Во една од снимките тој најавува што понтаму СЈО ќе прави и како жестоко ќе се справува со неговите политички противници.
„Слушнавме и како Заев тргувал со нелегално прислушуваните материјали раздавајќи им ги на луѓе за да уценува политичари. Македонската јавност доби потврда дека граѓанските организации и оние финансирани од Сорос, како граѓанскиот парламент, студентскиот парламент, се под контрола на Зоран Заев. На изборите граѓаните ќе го казнат Зоран Заев и ќе го испратат таму каде што му е местото. Доаѓа време на вистината. Вистината ќе ги казни Зоран Заев и неговите криминалии“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.