Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Вања немалo да биде од убиена од експретседателот на нивната градска организација Палчо ако МВР на Спасовски навреме реагира

СДС ги плукаат, а тие велат врне, Вања немалo да биде од убиена од експретседателот на нивната градска организација Палчо ако МВР на Спасовски навреме реагира, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Појаснуваат дека Љупчо Палевски е експретседател на градската организација на СДС, тој е близок соработник на власта, човек што беше опозиција на опозицијата. Палчо е СДС колку што се Ковачевски и Зечевиќ.
СДС, според опозициската партија, се плаши од поврзаноста со Палчо затоа што МВР на Спасовски можеше, но не стори ништо да го фати навреме, а Вања да биде спасена.
„Доколку беше распишана централна објава по возилото на убиениот Панче уште на 24 ноември, убијците на Панче ќе биле фатени уште истиот ден кога возилото првпат е регистрирано од камерите на ‘Безбеден град’, а до убиството на Вања, кое се случило на 27 ноември, немало да дојде.
СДС не може да се испере од фактот дека Вања е мртва поради ненавремена и неефикасна истрага во случајот со Панче од страна на МВР на Спасовски“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)