Контакт

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината за Бојан Христовски излезе на виделина, лагите на СДСМ пропаднаа во вода

Објавено пред

Обвинителството ја отфрли пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски. Тоа смета дека сертификатот за англиски јазик од Бугарија не е фалсификат. Со ова вистината излезе на виделина и сите лаги на СДС паднаа во вода, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Вистината излезе на виделина со тоа што е констатирано дека Христовски не направил лажна исправа за да ја употреби како вистинска и не употребил преправена исправа како вистинска. Дури ни судиите избрани во Зајас и Струмица не можеа да ја сокријат вистината за лагите кои со месеци СДС ги ширеше. СДС со месеци ја манипулираше јавноста и ширеше дезинформации но со денешната одлука на обвинителството сето тоа им се удри од глава. СДС е синоним за манипулации и дезинформации. СДС е фабрика за лажни вести“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ претходно денес го нарече Јавното обвинителство партиски инструмент, откако беше отфрлена пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски, за фалсификат на сертификатот на англиски јазик издаден од училиште во Бугарија.

Македонија

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Објавено пред

Од

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што ја даде во телевизиско интервју, таа вели дека тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат.

dobivaj vesti na viber

„Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“, вели Ристоска.

Според неа, професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува.

„Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“, вели Ристоска.

Советот на јавни обвинители пред два дена на Владата ѝ достави список со позитивно мислење за четворица кандидати за функцијата државен јавен обвинител, меѓу кои е и Ристоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Објавено пред

Од

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници, прашуваат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Што се крие од јавноста? Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит. Генералната декларација (General Declaration) е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора да се приложи за секој меѓународен лет. Еве, Владата нека ги објави документите, за да видат граѓаните кој се патувал со владиниот авион и колку тоа ги чинело“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека граѓаните го плаќаат авионот, летовите, трошоците за екипаж, одржување и гориво.

„Затоа граѓаните имаат право да знаат: Кој сѐ летал со владиниот авион? Колку точно чинел секој лет?Особено што нема пари за плати, нема пари за 600 евра минимална плата, се кратат 3 милиони евра од пациентите со ретки болести, се кратат 40 милиони евра од земјоделците. Ако сѐ било законски – објавете ги списоците. Ако нема што да се крие – покажете ги документите.Јавноста заслужува одговор“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Наместо празните ветувања од СДС, работниците добија реално повисоки плати, приоритет на Владата е стабилна економија и раст на платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се поставуваат темелите за долгорочна финансиска сигурност.

Со ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, платите бележат реален пораст, а мерките што се спроведуваат се насочени кон подобрување на куповната моќ и стабилизирање на економските текови. Наместо празни ветувања, се реализираат конкретни политики што носат резултати.
Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, застанавме на страната на работниците затоа што постоеја сериозни проблеми како доцнење на платите, непочитување на колективните договори и обиди минималната плата да се отстрани од формулата за пресметка“.

Таквата промена, како што додаваат, ќе го прекинеше линеарниот раст и ќе ја ослабеше заштитата на илјадници вработени.

„Заедно со синдикатите поднесовме повеќе од 40 амандмани и го спречивме тој процес. Со тоа обезбедивме минималната плата да остане дел од системот, што овозможува со нејзиниот раст да растат и останатите примања“.

Денес, велат, разликата е очигледна. Според оваа партија, по две години управување со државата, не се зборува за барања, туку за реализирани обврски.

„Отворени сме за разговор за минималната плата, но одлуките мора да се носат институционално, преку Економско-социјалниот совет и со пристап што обезбедува економска стабилност.
Работниците заслужуваат стабилност, сигурни договори и политики што даваат конкретни резултати“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија48 минути

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет2 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет2 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет2 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија13 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија18 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија18 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија20 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија23 часа

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија23 часа

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија1 ден

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија1 ден

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион1 ден

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет1 ден

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...

Свет1 ден

Една третина од американската морнарица е во близина на Иран: објавено кога би можел да започне нападот

Американската војска е подготвена да го нападне Иран уште овој викенд, иако претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна...

Македонија1 ден

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти

Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на...

Свет1 ден

(Видео) Една од најсмртоносните лавини во историјата на САД: oсум скијачи загинаа, еден е исчезнат

Осум скијачи загинаа, а еден е исчезнат во лавина во планините Сиера Невада во Калифорнија, соопштија властите во среда, во...