Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС парите на граѓаните ги троши расипнички на софтверски лиценци наместо да инвестира во лекови, болници
„Владата на СДС и ДУИ, како за сите скандали досега, така и за овој поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, не дава одговор. Владата на СДС и ДУИ не дава одговор на многу јасни прашања. Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски“, извести ВМРО-ДПМНЕ.
„Зошто, по три години, продолжуваат да ѝ плаќаат на фирмата избрана од Рашковски иако таа услуга пред три години била 15, а сега 25 милиони евра?
Владата на СДС и ДУИ очигледно крие можен криминал.
Во меѓувреме, укажавме дека со парите за изборот на фирма за лиценци ќе се направеше нова клиника, ќе се обезбедеа пари за лекот „трикафта“ за стотината болни од цистична фиброза. За потсетување, за критичните осум пациенти Владата одобри 2,2 милиона евра за „трикафта“.
Практично, со овие 40 милиони евра, кои Владата сега ги дава на фирма, која е избор на Рашковски, би можела да набави „трикафта“ за болните од цистична фиброза во Македонија.
СДС ја прави Македонија држава на скандали, држава во која граѓаните немаат доверба во здравството, правосудството! Граѓаните на избори ќе стават крај на ваквите политики!“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

