Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не прави пи-ар од сериозни теми
Очигледно премиерските чевли на Ковачевски му се преголеми. Вака изгледа кога детски ќе се заигра човек со премиерската фотелја, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на вонредното обраќање на премиерот.
„Нема ништо вонредно до ‘вонредното’ обраќање на Ковачевски, бидејќи суштински ништо не кажа што презема владата во насока на заштита на граѓаните од претстојните кризи.
Ковачевски треба да објасни што ќе преземе Владата за покачувањето на енергенсите кои директно ќе удрат по стандардот на граѓаните и стопанството. Само во година и пол струјата е номинално покачена за над 30%, а за одредени субјекти таа е поскапа и за 300-800%. Горивата исто така се драстично поскапени и за жал се уште ќе растат, а Владата на Ковачевски може да се откаже барем од дел од новите такси и давачки кои ги воведе во изминатите 4 години со цел да ја намали цената на горивата и со тоа да им помогне на граѓаните и компаниите.
Измерениот раст на инфлацијата од почетокот на годината изнесува 6,7%, што не само што го јаде стандардот и платите, туку отвора опасност од поголема инфлаторна спирала. И тука власта на Ковачевски не покажува никакви успеси. Индустриското производство е во пад, а цените на основните производи растат далеку побрзо од платите. За нешто повеќе од година зејтинот поскапел за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%. Во Македонија имаме 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден, а според меѓународни проценки над 35% од населението може да е во ризик од сиромаштија. Ковачевски за разлика од другите лидери во Европа не кажува што презел во насока на обезбедување на доволни стокови резерви, особено кога дел од земјите најавија дека ќе го ограничат извозот на животно битни ресурси“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат и дека премиерот треба да ја сфати ситуацијата сериозно, а не, како што велат, со видеа да се релативизираат состојбите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

