Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата треба да се подготви за справување со пожари за да ги заштити имотите и животите на граѓаните
Власта наместо да спие треба навреме да се подготви оваа сезона за справување со пожарите. Временските прилики треба да го запалат алармот во владата и наместо скапите коктели зад високи ѕидови, да почнат да ги активираат сите расположливи ресурси за заштита на животите и имотите на граѓаните исто како и природните богатства, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека минатата година беше тотална катастрофа. Власта дозволи пожарите да се прошират и да загрозат цели населени места.
Да не беше помошта од пријателски зземји кој знае како ќе поминевме. Неспособноста на Владата чинеше многу, изгорени хектари шуми, плевни, куќи, милионски штети и несогледливи последици по природата.
Доколку навреме се интервенира, таквите штети се далеку помали. Очекуваме владата да ја научила лекцијата од минатата година и внимателно ќе ја следи ситуацијата со пожарите секаде низ Македонија и навремено ќе се интервенира. Македонија и граѓаните не можат да си дозволат да страдаат поради неспосбноста на власта, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: Централната и локална власт мораат да дејствуваат заедно за ефикасен кризен менаџмент
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од седницата на упрвувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи, со која раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. На настанот во Центарот за управување со кризи, на кој присуствуваа и Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, министерот за одбрана Владо Мисајловски, потпретседателот на Владата Љупчо Димовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џевад Селами, како и директори и претставници на АД Водостопанство, УХМР, Национални шуми, беа дискутирани предлозите за времено унапредување на кризниот менаџмент во делот на справување со било какви кризи, и елементарни непогоди.
– Како Претседател на ЗЕЛС сакам да истакнам дека превенцијата е клучниот елемент за справување со предизвиците и дека само со заедничка посветеност, централната и локалната власт можат да изградат систем кој ќе биде подготвен да одговори на сите кризи. Како приоритет би ја посочил потребата од реформи во противпожарната заштита и создавање ефикасен и финансиски одржлив систем за заштита и спасување. Сметам дека поради недоволната финансиска поддршка и старите возни паркови на противпожарните единици, функционирањето на општините е отежнато. Од наша страна, ние, како раководство на Општина Кисела Вода, набавивме ново противпожарно возило, кое ќе биде ставено на располагање на противпожарната бригада за подобра ефикасност при интервенции. Обезбедивме и простории за нова противпожарна станица. За жал, иако се направени сите подготовки и адаптации, оваа станица сè уште не е функционална поради причини познати на градоначалничката на Скопје. Дополнително, набавивме мултифункционален багер за расчистување на речните корита, кои често се главната причина за излевање на реките и поплави. Сепак, освен што како градоначалници треба да делуваме посветено секој во својата општина, потребна е и заедничка работа и силна поддршка од централната власт. Во овој момент, со оглед на сето она што се случува во изминатиот период, јас сум голем оптимист околу надминување на голем дел од проблемите токму преку поддршка од централната власт за решавање на системските проблеми и сакам да апелирам на уште поголема соработка која има за цел да обезбеди стабилност и безбедност на нашите граѓани, изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа
Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата, велат од СДСМ преку соопштение.
„Владата три дена го продаваше ова патување како „историски успех“ но вистината е сосема поинаква: премиерот немал ниту официјална покана за инаугурацијата на претседателот Трамп ниту бил дел од неа. Наместо тоа, тој присуствувал на партиски митинг организиран од Републиканската партија, од каде инаугурацијата ја следел на монитор.
Наместо сериозни средби со светски лидери или високи дипломати, добивме фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени од кои повеќето само пред два месеци беа тука кај нас. Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува: колку чини овој спектакл и што добија граѓаните за возврат?
Истовремено, бугарските медиуми открија дека зад целата организација стои ПР агенција која овозможува странски политичари да присуствуваат на вакви настани за „да си направат слики“. Тоа значи дека ова не е ниту дипломатски успех, ниту признание, туку обична промоција на Мицкоски платена со пари од народот.
Според првичните проценки, ова патување ја чини државата стотици илјади евра – средства кои можеше да се искористат за реални потреби на граѓаните. На пример, со овие пари можеше да се реконструираат неколку училишта, да се купат 10 нови амбулантни возила за итната помош или да се дадат како поддршка за ранливи групи кои мака мачат со трошоците за живот.
Додека Владата троши на лажен престиж, граѓаните секојдневно се борат со сиромаштијата, со цените кои растат благодарение на Мицкоски и неговиот поданички однос кон трговците, немаат терапија во болниците. Можеби Мицкоски требаше да си го купи новиот авион кој го најавува па со него да оди да се слика во хотели.
Најголемиот срам доаѓа со обидот на Владата ова патување да го продаде како „голем дипломатски успех“. Во домашните медиуми, премиерот се претставува како „единствениот политичар од Балканот“ кој добил покана за инаугурацијата на Трамп. Но, вистината е далеку од тоа – тој беше дел од толпата на митинг и не беше поканет на официјалниот настан. Дипломатијата подразбира средби, резултати и визија за државата. Мицкоски ни понуди само слики за Фејсбук.
Граѓаните заслужуваат транспарентност. Заслужуваат да знаат колку чинеше ова патување и кој го организираше. Заслужуваат да знаат зошто Владата троши пари на вакви спектакли, додека народот едвај врзува крај со крај.
Македонија заслужува лидер кој ќе ја претставува со достоинство, а не турист кој ги користи парите на граѓаните за лажна слава.
Ова не е дипломатија, ова е фарса – и ние сите ја плаќаме цената!“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
Зендели: „Вреди“ ќе носи историска одговорност за предавството
Владата го прекрши не само Уставот, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците, изјави Арта Билали Зендели од ДУИ.
Според партијата, усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што се прекршува основниот статус на албанскиот јазик како службен во оваа држава.
„Потсетуваме дека Владата мора веднаш да ја исправи оваа грешка и да постапи согласно Уставот и Охридскиот договор. ДУИ ќе продолжи да остане цврсто посветена на заштита на правата на Албанците, за да обезбедиѓе дека службените јазици ќе се третираат со истиот почит и еднаквост, како што е предвидено со законите на оваа држава. Исто така, им упатуваме повик до партијата на кослицијата влен , да престанат веднаш со помагањето на ова понижување и деградација на статусот на албанскиот јазик. Влен ќе ја сноси историска одговорност за оваа предавство, бидејќи ниедна привилегија на власта не може да го оправда учеството во овие акти што ги повредуваат достоинството и правата на Албанците“, се вели во партиското соопштение.