Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта набавувала битумен 10 пати поскапо
Апашлукот на власта на СДСМ и ДУИ станува епски речиси по правило секогаш кога се случуваат одредени политички теми. Па, така, додека Владата склопуваше предавнички протоколи, во исто време Јавното претпијатие „Македонијапат“ набавило битумен за цена од неверојатни 12 илјади евра од цистерна битумен, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако се земе предвид дека ЈП ‘Улици и патишта’ користи сличен материјал, а го плаќа по 1.100 евра од цистерна битумен, тогаш доаѓаме до фрапантни 11 илјади евра разлика. Ако само на една цистерна е направена неоснована разлика од 11 илјади евра, тогаш целата набавка изела неколку милиони евра.
Повиканите институции молчат, молчи Владата, молчи и Обвинителството како е можно една цистерна битумен да биде 10 пати поскапа.
Овој тендер отвора сомнеж за огромен криминал, кој достигнува и до 4 милиони евра. Оваа власт решила да ја докусури Македонија. Крадат и око не им трепнува. Секоја криза ја користат да наполнат приватни џебови и народот да го осиромашат. Колку повеќе крадат, толку повеќе се лепат за фотелјите мислејќи дека така нема да одгововараат. Но, се лажат. Набргу ќе дојде време за одговорност и за предавствата, и за понижувањата, и за грабежот и за криминалот“, обвинуваат од опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Ако лажат британските медиуми и „нема легални и нелегални мигранти“ – Мицкоски нека ја потпише Резолуцијата!“, бара СДСМ
„Христијан Мицкоски тврди дека британските медиуми, кои објавија дека се договара прифаќање мигранти во Македонија за пари, лажат. Исто така, тврди дека „нема легални и нелегални мигранти“. Значи, според Мицкоски, сите лажат“, велат од СДСМ.
„Ако е навистина така, тогаш зошто Мицкоски не ја потпишува Резолуцијата? Што чека? Зошто одолговлекува и бега?
Еве, нека ја потпише Резолуцијата на СДСМ. Со само еден потпис ќе ги расчисти сите сомнежи и дилеми.
Ние сме конструктивни и транспарентни од првиот ден. Резолуцијата е јавно објавена и сите ја видоа.
Граѓаните бараат дела – конкретен чекор од Мицкоски, а не празни зборови.
Затоа што за граѓаните неговите зборови одамна не важат, поради сите ветувања што не ги исполни. Како и ветувањето дека ќе се повлече од политиката ако се докаже поврзаност со Агенцијата за обезбедување во Кочани. А има и многу други неисполнети ветувања. Списокот е долг.
Мицкоски веднаш нека ја потпише Резолуцијата, а не да ја руши со контра Резолуции. Потпиши и нема мигранти. Толку е едноставно.
Ако одбива да потпише – тогаш сè е јасно: Мицкоски не ја зборува вистината, а договор за мигранти сепак има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.

