Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Ковачевски бега од носење на мерките кои треба да го заштитат стандардот на граѓаните
Цените на основните продукти растат секој ден, а со тоа македонските граѓани осиромашуваат сè повеќе и повеќе. Додека сите сериозни држави носат мерки за да се заштити стандардот на граѓаните, кај нас Владата мерките не само што не ги продолжи, туку и не кажува дали воопшто размислува да преземе нешто итно, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Инфлацијата во април достигна 10,5% и беше една од највисоките во Европа, а од тогаш цените на енергенсите и продуктите во маркетите вртоглаво пораснаа. Лебот достигна 40 денари, брашното, млекото и шеќерот се 60 денари, маслото за јадење над 165 денари. Ако на ова се додаде дека поскапеа и горивата и електричната енергија тогаш граѓаните се доведени до егзистенција.
Од партијата наведуваат дека Владата на Ковачевски без срам бега од одговори зошто не ги продолжи мерките кои предвидуваа намалени или укинати стапки на ДДВ за клучните животни продукти и зошто дозволи ваков ценовен шок.
Впрочем и пратениците од ВМРO-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност и предлог-законот за изменување на Законот за акцизи со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.
Но власта неколку дена бега од носење на овие измени со кои ќе се заштити стандардот и семејниот буџет на граѓаните, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

