Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави сѐ трагедијата со автобуската несреќа да се забошоти

„Власта прави сѐ со цел трaгедијата со автобусот на ‘Беса транс’, во која животите ги изгубија 45 лица, да се забошоти. Веќе станува очигледно дека власта се обидува да скрие и некого да спаси од одговорност.
Оваа трагедија однесе 45 млади животи поради низа системски пропусти на институции. Најпрво, автобусот што патувал немал извод за лиценца за меѓународоен транспорт. Автобусот на кобното патување користел туѓи документи и таблички, а патем не бил регистриран во ситемот на Царината. Возачите на автобусот воопшто не биле вработени во компанијата, а автобусот бил репариран и, наместо фабричките 49, имал 54 седишта. Сите овие работи говорат дека Царината, МВР, Министерството за транспорт и Државниот инспекторат за транспорт се дебело одговорни за овој немил настан.
Да биде уште пожалосно, институциите по повеќе од две недели, сѐ уште немаат направено контрола на компанијата затоа што никој не им отвора, а сопственикот е надвор од државата. Ова не е ни систем, а камоли правен систем. Затоа власта и институциите играат пинг понг со одговорноста. Затоа прават театри со други теми за јавноста да заборави и никој да не бара одгoворност од системот.
Но, одговорност мора да има затоа што трагедиите станаа секојдневие. Не може власта секогаш да наоѓа вина во продолжни кабли за да избега од вината на институциите поради што народот плаќа со своите животи“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На ГП Табановце се чека околу 30 минути

На 27.08.2025 од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен e пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
МОН: Почнува пријавувањето на наставниците за обуката за примена на вештачката интелигенција во наставата

Наставниците од средните училишта во државата можат да се пријават за напредна обука за примена на вештачката интелигенција во наставата. Доколку имаат основно ниво на познавања на дигитални алатки и активно го владеат англискиот јазик, можат да аплицираат за обуката „AI во училница“, што ќе им помогне да ја вклучат вештачката интелигенција во сите фази на наставата, од подготовката за час до оценувањето, соопшти МОН.
Министерството за образование и наука во соработка со групацијата Brainster го објави јавниот повик за учество во обуката, а пријавувањето трае до 12 септември, по што, до крајот на месецот ќе се изврши селекција и тестирање на кандидатите. Обуката почнува на 1-ви октомври.
Наставниците што ќе учествуваат во обуката ќе добијат бесплатен пристап до 8 различни курсеви секој месец, со најсовремена и практична содржина, а за нивно успешно совладување следат 8 дигитални сертификати месечно, како и печатен сертификат за успешно завршување на целосната програма. Предавачи ќе им бидат инструктори со меѓународно искуство, а Brainster Next факултетот ќе формира менторска група што ќе обезбеди индивидуализирана поддршка за наставниците.
Соработката на Министерството за образование и наука со групацијата Brainster во делот на обуките за користење на вештачката интелигенција во наставата следи по потпишувањето на Меморандумот за соработка, како реализација на институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем, информираат од МОН.
Македонија
Албанците го казнија ДУИ, Таравари денес им се поклонува на Ахмети и Груби, велат од „Вреди“

Арбен Таравари денес е најголемиот политички срам на Албанците во Македонија. Од човек кој некогаш зборуваше за “промени“, тој се претвори во слуга на Али Ахмети и Артан Груби, станувајќи патерица на ДУИ нонграта, најкорумпираната и најомразената партија од страна на Албанците, истакнуваат од „Вреди“.
Таравари, додаваат од таму, не ја напушти власта поради принципи или поради интересот на граѓаните, туку за валкани лични зделки.
„Сомнителната инвестиција „Ѓока“ и неговите сомнителни зделки целосно го открија неговото вистинско лице: политичар подготвен да продаде сè за лична корист.
Денес, Таравари е близок соработник на криминализираната ДУИ, која две децении го држи развојот на Албанците како заложник. Служејќи им на Ахмети и Груби, тој ги предаде идеалите за кои некогаш повикуваше и сега се постави со оние што ги казнија албанските граѓани на 8 мај“.
„Вреди“ како што истакнуваат, јасно става до знаење: Албанците не заборавиле кој донесе сиромаштија, неправда и изолација. Според нив, Таравари денес е лицето на деградирана политика, која ги продаде сите каузи на Албанците за свои лични интереси.
„Нема да дозволиме неговите игри да го спасат ДУИ од политичка пропаст. Албанците избраа промени и оваа промена е незапирлива.
ВЛЕН е основана за да го искорени овој стар, скапан и продаден менталитет. Албанците се одлучија: нема да се вратат кај Тараварите кои се продадени за тендери, ниту кај Ахметите кои владееја преку страв и корупција. Затоа, денес јасно го кажуваме: Арбен Таравари е симбол на политичко предавство и вазал на ДУИ нонграта. Албанците никогаш нема да го простат ова кршење на нивната доверба. Историјата ќе го памети како човекот кој беше продаден, додека ВЛЕН како силата што ја донесе долгоочекуваната промена“.