Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта стана најголемиот заштитник на криминалот.
ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста обвинува дека Република Македонија со СДСМ стана држава во која владее криминалот, а безбедноста никој не ја гарантира.
„Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на насилства по улиците, неразјаснети убиства и криминални вооружени пресметки низ целата држава. Власта стана најголемиот заштитник на криминалот. Во центарот на Скопје малолетник беше избоден среден бел ден и едвај преживеа. Двајца од сторителите поминаа речиси без казна. Третото лице мистериозно исчезна во текот на истражната постапка. Чиј роднина или пријател е третиот не се соопштува. Важно за него не важи законот“, посочува партијата.
Според нив иако МВР соопшти, третото лицето ја признало вината, истото сепак не е опфатено во судскиот процес.
„ Властите го скриваат третиот напаѓач на прободениот малолетник исто како што го скриваат и третиот напаѓач на убиеното момче Никола Саздовски кој брутално беше до смрт претепан на автобуска постојка. Правда за овие две момчиња нема исто како што немаше ни правда за убиениот фудбалер Мартин Јанушев и уште десетици други кои ги загубија своите животи или беа брутално напаѓани во оваа измината година со СДСМ на власт. Откако СДСМ ја презеде власта граѓаните станаа жртви на концесиите на Заев кон криминалното подземје. Родителите се во страв за безбедноста на своите деца, а власта не само што не превзема ништо туку на слобода пушти над 800 криминалци кои уште повеќе ја влошија безбедноста во државата“, пишува во соопштението.
Опозоциската ВМРО-ДПМНЕ смета дека додека криминалот и насилството царуваат по улиците низ Македонија, Зоран Заев забрзано ги распродава националните и државни интереси на Република Македонија. Зоран Заев ги прифати сите грчки барања, прифати ново име за севкупна употреба, се откажа од македонскиот идентитет и бришење на македонската култура и историја.
„Заев манипулира со македонската јавсност создавајќи еуфорија за лажна победа. Реалноста е дека Македонија не доби ниту датум за преговори со Европската Унија, ниту безусловна покана за НАТО. Додека Заев води грижа како да уништи се македонско и да го зголеми капиталот на својот картел, Република Македонија назадува. Економијата на државата тоне, корупцијата цвета, реформи нема, а институциите работат по диктат на власта. На Македонија ваква власт не и е потребна. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту овој хаос да продолжи ниту да продолжат поразите кои и се нанесуваат на државата“, велат тие.
Поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш кој ќе започне од кружниот тек „Сашко Гешковски“ до спомен плочата и паметникот во Кавадарци посветен на формирањето на првиот комитет на ВМРО, после Солунскиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло
Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад од кучиња скитници.
„Доктор од Клиничка болница Битола пријави дека кај нив со тешки телесни повреди е донесено двегодишно дете од Битола, кое, според пријавеното, додека си играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници. Детето е пренесено во Комплекс клиники ’Мајка Тереза‘ во Скопје“, соопшти МВР.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.
Македонија
Измамена 76-годишна битолчанка: се претставил како лекар и ѝ зел 7.000 евра за да ја спаси внуката повредена во сообраќајка
Во полицијата во Битола, 76-годишна жена вчера пријавила дека била измамена за 7.000 евра.
„76-годишна жена од Битола пријави дека била измамена од страна на непознато машко лице, кое и се јавило на телефон и ѝ се претставило како лекар, по што и кажало дека нејзината внука е тешко повредена во сообраќајна несреќа и треба да даде пари за да ѝ го спаси животот. Пријавителката заедно со сопругот однеле 7000 евра и ги дале на едно лице кое, според договорот, ги чекало кај саатот во Битола. Подоцна, пријавителката сфатила дека била измамена односно дека нејзината внука не учествувала во сообраќајна несреќа“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Панична пропаганда се за Петрушевски обвинувањата од СДСМ за реформите во ВМРО-ДПМНЕ
„Обвинувањата на СДС се класичен пример на панична пропаганда без факти и без аргументи“, рече денес пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, одговарајќи на обвинувањата од СДСМ дека место нови лица старата банда е реформата во ВМРО-ДПМНЕ.
„Факт е дека Драган Ковачки поседува валиден НАТО сертификат, што целосно ги демантира лагите дека бил ’одбиен од НАТО’ или дека не исполнувал безбедносни услови. Сѐ друго е злонамерна конструкција за дневнополитички потреби. ВМРО-ДПМНЕ спроведува внатрепартиски реформи согласно Статутот и со јасна цел, ефикасна, одговорна и европски ориентирана партија. Обвинувањата за наводна контрола врз институции и медиуми се неосновани и доаѓаат од структури кои со години ја злоупотребуваа државата и сега се плашат од одговорност“, рече Петрушевски.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласи Петрушевски, останува цврсто посветена на политиките што значат Македонија интегрирана во ЕУ, стабилен НАТО партнер и заштита на државните и националните интереси.

