Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта упорно молчи за 4 милиони долари, а воведува нови даноци поради празната државна каса
Димитар Ковачевски додека воведува нови даноци поради празната државна каса, не одговара на јавноста каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија додека тоне во сиромаштија и се измислуваат нови даноци, Ковачевски, според оваа партија, не одговара зошто Љубомир Фрчкоски не ги враќа парите во државниот буџет.
„Власта три дена молчи и не одговара зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? Досега 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Љубомир Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари. Јавноста има право да знае зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот?“, прашуваат од опозициската партија.
Бараат Димитар Ковачевски да смогне сили, како што велат, и јавно нека им каже на граѓаните за што се планирани овие пари.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува истражните органи во државата веднаш да побараат објаснување зошто 4 милиони долари не се вратени во Буџетот на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

