Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Водата од хидроакумулацијата ХЕЦ „Глобочица“ се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на национално ниво поради недостиг на истата и состојбите на пазарите на електрична енергија, која стапи на сила од 1.9.2022 година во траење од 30 дена. Веќе без сомнение може да се констатира дека СДС и раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ се директни виновници за оваа кризна состојба во која се наоѓаме. Сето ова се потврдува, со нестручното, непрофесионалното и недомаќинското работење на раководството на АД ЕЛЕМ/ЕСМ, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Замислете, во ваква енергетска кризна состојба АД ЕЛЕМ поради лошото планирање на производството и ненавремените ремонтни активности во ХЕЦ Глобочица овие денови се случува прелив, односно водата од хидроакумулацијата се прелива без притоа да произведе ниту еден кWh електрична енергија!
Во прилог е табелата на која јасно се гледа колку вкупно метри кубни во секунда се прелеани од хидроакумулација Глобочица без да биде произведена електрична енергија. Ова е недозволиво да се случува во нормални услови, а не пак во енергетска кризна состојба!
ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од раководството на АД ЕЛЕМ/ ЕСМ!“, велат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

