Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Водно ќе го загадуваат имотните граѓани
Шилегов со скапиот паркинг носи мафијашка мерка во корист на олигархијата, а еден викенд на Водно ќе чини колку сметка за вода, изјави Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги новите цени за паркингот на Средно Водно.
„Со одлуката на советниците на СДСМ во Градот Скопје и на градоначалникот Шилегов паркирањето на Средно Водно ќе чини 100 денари во првиот час, а секој нареден по 50 денари. Тоа значи дека еден викенд поминат во парк-шумата Водно Шилегов направи едно семејство да го чини колку просечна сметка за вода. Ова значи дека Средно Водно станува привилегија за богатите, а не за секој еден граѓанин. Ова е удар за стандардот на младите, но и за оние категории граѓани кои поради својата возраст или здравствена состојба мора да користат превоз за да ги користат придобивките на Водно“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата коментира дека Шилегов претходно забрани движење на возилата на Средно Водно поради загадувањето, но сега за него не е проблем што ќе загадуваат возилата бидејќи со мерката за воведување платен паркинг загадувањето ќе биде само од поимотните граѓани.
„Бараме повлекување на оваа дискриминаторска и штетна мерка. Ветуваа живот за сите, а Шилегов воведе паркинг-можност само за богатите. Ова е мафијашка мерка за заштита на елитата и богатите“, смета ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

