Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Возилото на Груби, кое беше запалено пред неговиот дом, не е пријавено во анкетниот лист, тоа е клучното во овој скандал
Возилото на Груби, кое беше запалено пред неговиот дом, не е пријавено во анкетниот лист. Тоа е клучното во овој скандал, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Приказните дека позајмувал, возел автомобили од пријатели, многу сакал возила од тој бренд и слично нека ги чува за пред неговите поддржувачи и нека не се надева дека некој му верува.
Груби да каже зошто е толку многу задоволен од брзата реакција на безбедносните институции, но заборави да им објасни на граѓаните зошто е Груби привилегиран и ужива вакви поволности додека граѓаните молат за правда. Како сите институции се ставиле во погон за возило што не е во негова сопственост и зошто толку важност се дава на случај ако не е мотивиран од криминални зделки?
Груби и ДУИ се разобличени, немаат ниту една причина да се правдаат, останува да одговараат“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поголема европска интеграција на економиите, делегација на ССК на конгрес на Европската комора во Антверпен, Белгија
Во Антверпен на 17-тото издание на конгресот на Eurochambres од 12-14 јуни ,беше присутна делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија предводена од претседателот Трајан Ангелоски, потпреседателот Сашо Дукоски , Соња Божиновска и Сања Божиновска членoви на ССK .
Конгресот на Eurochambres 2024 го отвори Кети Беркс, гувернер на провинцијата Антверпен,и Владимир Длоухи, претседател на Eurochambres,настан кој е катализатор за соработка, размена на знаење и зајакнување на мрежата,и е врвен собир на претставници на Коморите од цела Европа,претседатели, членови, извршни директори, генерални секретари, директори и менаџери,на едно место се присутни експерти кои со своите експертски излагања допринесуваат да се обликува иднината на европските комори.
Фокусна точка на конгресот беа Kоморите – нивните деловни модели, услуги, улоги и поддршка за бизнисите и креаторите на политиките кои се стремат кон брзо и одржливо економско закрепнување по неколкуте предизвикувачки години за европската деловна заедница.
Закажан само неколку дена по изборите за Европскиот парламент, настанот има особено значење бидејќи изборните резултати ќе ја обликуваат агендата на политиката на ЕУ за следните пет години. Високи креатори на политики и претставници на бизнисот и коморите се состанаа за да разговараат за овие клучни резултати и нивните импликации.
Главна тема на конгресот беше конкурентноста,и зелена транзиција кои се клучни, и главни за сите стопански и индустриски комори кои имаат важна улога во поддршката на бизнисите, во нивно одржување и понатамошен развој,и делување на целосното исполнување на единствениот пазар и обезбедувањето вистински рамноправни услови за бизнис. Помеѓу клучните чекори од дијалогот беше потребата од решавање на цените на енергијата кои остануваат многу повисоки ,и имаат големо влијание врз конкурентноста нa бизнисите.
„Во брзо менувачко опкружување, Коморите можат да понудат решенија и имаат клучна улога во предвидувањето на компетенциите што ќе им бидат потребни на бизнисите во иднина.За таа цел, го зајакнуваме нашиот ангажман со приватниот сектор и Европските комори и главни полиња на соработка и делување ни се : енергична модерна економија, чиста технологии,зелена инфраструктура ,тоа е и наша стратегија за долгорочен раст и просперитет,со можност за создавање работни места со висока вредност и модерен и одржлив економски раст и ефективно работиме на нашите приоритети иновациите, соработката и стратешкото лидерство“, истакна Ангелоски.
Македонија
Муцунски: Ќе се залагам да ја зацврстиме нашата позиција меѓународно и да создадеме можности за засилен раст и развој
Дозволете ми најпрво да изразам голема благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар на владата Христијан Мицкоски, членовите на Извршниот и Централниот Комитет за довербата и за можноста да бидам Министер за надворешни работи и надворешна трговија во новата влада, напиша актуелниот градоначалник на Аеродром, и иден министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.
„Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција. На оваа функција пристапувам со цврста решеност и посветеност да работам исклучиво за интересите на нашата драга држава и сите нејзини граѓани. Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење.
Во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога. Во таа насока, ќе се залагам за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој.
Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија“, напиша тој на фејсбук.
Македонија
Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор
После шест години во затвор на слобода излегува Миле Јанакиески.
Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупат беше во притвор и куќен притвор.
Во јули минатата година беше прво во Идризово а потоа во Шутка. Конкретно, Јанакиески доби условен отпус, одлука што ја донесе Апелација.
Речиси секојдневно бил испраќан на суд, а понекогаш имало и по неколку рочишта во денот.