Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во ниту една европска држава не се попишуваат матични броеви туку домаќинства и граѓани

Власта продолжува со самоволието и спроведувањето штетни политики со единствена цел, Зоран Заев да ја зачува својата фотелја на Илинденска б.б., обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, пописот е статистичка операција од големо значење за државата, операција која во една нормална држава ја одредува насоката во која ќе се движат државните политики.
„Во Република Македонија, Зоран Заев пописот го разбира како политичка алатка која му служи за исплата на политичките концесии кои го донесоа овој човек на власт. Во ниту една европска држава не се попишуваат матични броеви туку домаќинства и граѓани. Препораките на Еуростат не велат дека една земја аспирант за членство во Европската Унија треба да попишува матични броеви. Заев продолжува со злоупотребата на државните и националните интереси со единствена цел останување на власт, а распродажбата на истите веќе му поминува во навика.
Аболицираниот Заев по којзнае којпат го покажува недостигот на eвропските вредности. Криминалната банда на власт повторно на шверцерски начин протуркува уште едно погубно законско решение за македонската држава. Опозицијата повторно е исклучена од ваквиот процес за носење закон што е од суштинско значење за државата. Ваквото однесување на власта е недозволиво. Зоран Заев ризикува повторно да се соочи со гневот на народот, како што тоа се случи со неуспешниот референдум за промена на името. Крајот на криминалната банда е близу.
Што и да направи аболицираниот Заев тоа нема да го пролонгира крајот на неговата политичка кариера, тој за граѓаните е прочитана книга. Само кога Заев ќе замине од политичката сцена во државата, Македонија ќе има шанса да се врати на вистинскиот пат на реформи, економски просперитет и благосостојба за македонските граѓани“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Се виде кој вистински управува со СДС, тоа е Зоран Заев, а Венко Филипче е само нем послушник“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се докажа дека Заев ја води СДС, додека Филипче е само статист во целата приказна. Иако формално Филипче има водечка улога, реалноста покажува дека сите клучни одлуки и насоки доаѓаат од Заев. Со јавувањето на Заев се гледа кој е вистинскиот лидер на СДС и кој ја има контролата врз партијата и кој ги влече конците во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС, по наредба на Заев, направија резолуција со која промовираат некакви црвени линии, кои тие веќе ги имаа прегазено и поминато изминативе години, на штета на македонскиот народ.
Како што Заев земаше куферчиња од Бугарија, Филипче да одговори какви куферчиња зема тој сега за да им удоволи на Бугарите, со што ќе си направи уште еден бонбона бизнис.
А, тоа што Заев вели дека не земал куферче пари од Бугарија не значи дека таа изјава е вистинита. Самиот негов обид да се оправда пред јавноста создава сомнеж и отвора прашања за вистинитоста на неговите тврдења.
Неговата акција за потпишување на бугарскиот договор, не е резултат на политичка волја, туку на финансиски интерес.
За сопствени интереси, како што Заев ја продаде државата, така и Филипче е спремен да ги продаде македонските интереси и идентитет за едно полно куферче.
Затоа, Филипче молчи за Заев, за неговите криминали, бидејќи и тој е поврзан со истите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, нема да дозволи уште еден бонбона бизнис, со цел богатење на Заев и Филипче, а распродажба на македонскиот народ“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.