Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ вработувала роднини со ургенции, антикорупциската ненадлежна
Eклатантни примери на ургенции, влијанија, непотизам и специјално креирање работни места при вработувањата на роднините на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ во јавниот сектор констатира ДКСК. Иако речиси два часа антикорупционерите расправаа за вработувањата на роднините и судирот на интереси, ниту еден од случаите не доби епилог. Членовите на комисијата се прогласија за ненадлежни бидејќи станува збор за вработувања од пред повеќе од 10 години.
Според образложението на анткорупционерите, двајца братучеди на ексминистерот и актуелен пратеник Антонијо Милошоски, двете ќерки на поранешната претседателка на Уставниот суд Елена Гошева, како и сопругата на ексгенералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, но и таткото на актуелниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешен директор на ЈСП Игор Јанушев, со врски се вработиле во државни институции.
Најатрактивни места за вработувања биле АЕК, ЕЛЕМ, но и Централниот регистар, Телеком, Водовод и ЦУК. Меѓу највпечатливите примери каде се забележуваат индиции за влијание при вработувањето е за Бојана Гошева во АЕК. Станува збор за ќерката на судијката Гошева, која во 2009 се вработила во АЕК, а како што објаснија од ДКСК, немало транспарентност во јавниот оглас и се криело објавувањето на работното место, но бидејќи се работи за стар случај од пред десет години, антикорупциската комисија не може да постапува и предметот се затвора.
Слична ситуација ДКСК забележа и при вработувањето на таткото на Јанушев, Љубенчо Јанушев, во Централниот регистар. Според документите до кои дошла комисијата, од 4 кандидати кои го положиле испитот за државни службеници, Агенцијата до Централниот регистар доставиле податоци за второрангираниот Јанушев и четврторангираниот. Од доставените документи ДКСК констатира и дека Јанушев немал целосна документација, а има индиции и дека не ги исполнувал условите. Но исто како и за претходните предмети, ДКСК констатира дека нема надлежност да постапува затоа што случајот е од 2008.
Образложението на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, е дека биле должни пред јавноста да ги испитаат овие случаи и да докажат дека системот на вработување генерира непотизам, а нивната улога е да предложи законски измени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

