Македонија
„ВМРО-ДПМНЕ го блокира проектот за нов клинички центар“, велат од СДСМ
„Со години ВМРО-ДПМНЕ спроведуваше блокади и опструкции на проектот за изградба на модерен Клинички центар – инициран од Владата предводена од СДСМ. Иако имаа можност да учествуваат, да го водат процесот како опозиција и целосно да го контролираат решија да го блокираат проектот наместо да допринесат“, велат од СДСМ.
„СДСМ предложи концепт и подготви проект кој ќе ја обезбеди целосната здравствена услуга на едно место – како што имаат сите современи европски држави. Но ВМРО-ДПМНЕ го сруши тој концепт.
Нов Клинички центар за граѓаните нема само поради блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, а во мандатот на оваа власт исто така нема да се изгради.
Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше изградба на нов Клинички центар ги излажа граѓаните. Сите ветувања, гласни изјави и прес-конференции од белата палата се само празен театар за јавноста.
Сега се најавува некакво проширување на болницата „8 Септември“ но тоа не е замена за вистински, интегриран Клинички центар. Тоа е импровизација без ефект. Наместо европски модел на здравство, граѓаните добиваат систем што се распаѓа – расцепкан, нефункционален и без основни услови за лекување.
Неспособноста на власта го уништува македонското здравство. Нема лекови со месеци, умираат пациенти, се зголемува смртноста, листите на чекање растат секој ден а нема да има ниту нов Клинички центар. Со оваа власт здравството само дополнително ќе тоне“, соопшти СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.
Македонија
Новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците, децата од центарот за рехабилитација
Традиционално и годинавабеа доделени новогодишни пакетчиња од Општина Битола за штитениците- децата од ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација-Битола.
Дедо Мраз предизвика радост кај децата, а од името на Општина Битола празниците им ги честиташе секретарот на општината Борче Димитровски.
Во овој Центар кој работи со деца со посебни потреби денеска беше предновогодишно весело.
Македонија
Втора вечер од „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода: Либеро Бенд, Антониа Гиговска и Оле Поцкова во парк Шопен
По успешниот старт на „Новогодишната приказна“, која вчера ја исполни oпштина Кисела Вода со енергија и убаво расположение, вечерва во паркот „Шопен“ продолжува програмата наменета за сите генерации и вкусови, соопштија од општината.
Настанот е отворен за сите граѓани, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во празничниот амбиент со новогодишни куќарки, украси и содржини наменети за целото семејство.
Втората вечер започнува во 19 часот и ќе ја отвори Оле Поцкова од „Зевзекманија“ со монодрама. Потоа сцената, после 20 часот ќе им припадне на Либеро Бенд, а вечерта ќе ја заокружи настапот на Антониа Гиговска. Водител на настанот е Миро Кацаров. Општина Кисела Вода ги поканува сите граѓани да се приклучат на втората вечер од „Новогодишната приказна“ и да уживаат во празничниот амбиент со своите најблиски.

