Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го поддржа протестот на новинарите: Да се тргнат стегите на слободната мисла и изразувањето, власта е изворот на цензурата

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека го поддржува протестот на новинарите. Сметаат дека е потребно да се тргнат стегите на слободната мисла и изразувањето. Власта е изворот на цензурата, обвинуваат од опозициската партија.
„Недостоинствено и непрофесионално е што се етикетираат медиуми и тоа што власта и политички поединци кон медиумите гледаат непријатели. За ваквиот амбиент во најголема мера одговорна е Владата на Ковачевски, која веќе подолг период ги шиканира новинарите, кои гласно ја говорат вистината, медиумите се ставени на отстрел како на Ковачевски и министрите така и на Али Ахмети.
Дури 61 % од граѓаните сметаат дека во државата нема демократија. Ова е резултат на непочитувањето на човековите права, скратувањето на правото на слободно изразување и говор, секојдневното цензурирање и заканите кон медиумите.
За една година, резултатите на прашањето „Дали Македонија е демократска земја“ се дека незадоволството и негативниот одговор се зголемиле 21 %. Во 2021 година оцена 1 и 2 дале 40 % од граѓаните, 2022 година 61 % од граѓаните. Власта само декларативно зборува за слобода и права, а во реалноста ги оневозможува медиумите и новинарите во нивната работа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа власт нема капацитет за да се смени на подобро, со оваа власт медиумската слобода и правата може да бидат само повеќе загрозени, потребни се промени и нова влада со нов пристап и загарантирани човекови права и слободи, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј Планина”, од кои едно се товари за обид да изврши кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19, едно за нанесување тешка телесна повреда што е казниво според член 131 став 1, додека шест се осомничени за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
До тепачката дошло поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи. За обид за убиство е осомничено лице кое во тепачката користело дрвена даска со која тешко повредил едно лице од спротивставениот табор, нанесувајќи му фрактура на черепот со крварење на мозокот. Друг осомничен нанел тешка телесна повреда – скршена долна вилица, удирајќи со тупаници еден од останатите учесници во инцидентот. Сите останати се осомничени за учество во тепачката, која се случила на 16 август.
За осомничениот за обид за убиство, ценејќи ги сите околности под кои тој ги извршил дејствијата и фактот дека станува збор за млада личност која тукушто наполнила 18 години, но кај која сепак постои ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото, јавниот обвинител предложи мерка куќен притвор. За останатите учесници во кривично-правниот настан предложени се мерки на претпазливост.
Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)