Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со свои пари ги плаќаат бизнис-шемите на власта
Со СДСМ на власт корупцијата стана начин на работење и функционирање на државата, реагираат денеска од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските тендери во четири очи, преку кои милиони, наместо во нови инвестиции, завршуваат на приватни сметки, стануваат наше секојдневие. Коруптивниот начин на работа мора да запре. Граѓаните нема од свои пари да ги плаќаат бизнис-шемите на власта. Додека милиони се испумпуваат од буџетот, државата стагнира. Република Македонија под водство на СДСМ е на дното на Европа. Нула проценти раст на БДП, 20 отсто пад на градежништвото, цените растат, граѓаните ја чувствуваат економската стагнација“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ нема ниту капацитет ниту план за иднината на државата.
„Гледаме само бизнис-коруптивни шеми од кои профитираат неколку фамилии во врвот на власта. Додека се цеди буџетот на државата за приватни потреби, додека економијата тоне, а задолжувањето расте, власта ја дефокусира јавноста со монтиран кривичен прогон на десетина патриоти за непречено да продолжи да ја урнисува државата. Десетици неистомисленици на Заев, меѓу кои лекари, уметници, режисери, актери и видни општествени дејци, неосновано се влечат по судови и притвори со цел приредување медиумски спектакл за дефокусирање на јавноста од економската катастрофа во режија на СДСМ“, додаваат од опозициската партија.
Оттаму истакнуваат дека граѓаните ја гледаат деструктивноста на власта.
„Граѓаните гледаат дека правдата е загрозена, а правната држава деградирана. Република Македонија со СДСМ само тоне. Ова сценарио што ја води државата во хаос мора да запре. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Во Карпош и Центар најголема излезност до 13 часот, а најмала во Сарај и Чаир, соопшти ДИК
За излезноста на гласачите за Град Скопје до 13 часот процентот на избирачи кои гласале на избирачките места од пристигнатите податоци до ДИК е 15,28%, односно на овие избирачки места гласале 71.849 гласачи, соопшти ДИК.
„Вкупниот борј на избирачи запишани во избирачкиот список изнесува 474.304 гласачи а податоците што се пристигнати до ДИК се од 678 избирачки места, што во проценти значи 98,98% пристигнати до ДИК“.
Најголема излезност за градоначалник на Град Скопје според ДИК се забележува во општините: Карпош со 22,14%, Општина Центар 21,58% и Кисела Вода со 19,57%. Најмала излезеност до 13 часот има во Сарај со 3,58% и Чаир со 5,34%.
Споредено со одзивот на гласачи во првиот круг и пресекот направен тогаш во 13 часот, излезноста била 20,07%, соопшти ДИК.
Одзивот на гласачите по другите општини до 13 часот процентот на избирачи бил 19,96% а бројот на избирачки места од каде пристигнале податоци до ДИК е 1279 или 93,15%. Споредено со првиот круг излезеноста во 13 часот била 20,12%.
Македонија
МВР: Гласањето од вториот круг на локалните избори се одвива мирно
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава, соопшти МВР.
Од таму велат дека преземаат мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес.
„До сега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
Регистрирани се неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент не се потврдени наводите од пријавите.
МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“.
Македонија
До 11 часот гласале 10,1 отсто од избирачите, најмногу во Пробиштип, намалку во Сарај
Одѕивот до 11 часот на вториот круг од локалните избори изнесува 10,1 проценти.
Според информациите на Државната изборна комисија, највисока е излезноста во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите, а висока излезност има и во Лозово и Крушево, со околу 20 и 19 отсто. Најниска е излезноста во Сарај со 1,86 отсто и Чаир со 2 проценти.
Излезеноста на гласачите во Град Скопје до 11 часот изнесува 8,30 проценти.
Оценето е дека гласањето тече без проблеми, а единствениот застој бил забележан во Дојран, каде поради технички проблем со уред за биометриска идентификација имало краток прекин, кој бил веднаш отстранет. Во вториот круг се гласа во 32 општини и Градот Скопје, на 1.771 избирачко место, а право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Првичните неофицијални резултати ќе бидат објавени по 20 часот. Некаде околу 23 часот, се очекува да бидат познати сите резултати од гласањето на изборите во вториот круг.

