Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев стои зад опожарените автомобили во Скопје?!
Дали Вице Заев се активира и во Скопје?! Дали Вице Заев, братот на Зоран Заев, за кој слушнавме дека давал насоки чие возило да биде опожарено е нарачателот на палењето на возила во Скопје?!
Аздисуваат ли бандите на власта и дали зад сцената се случува нова мафијашка пресметка, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Скопје повторно станува како Бејрут. Запалени автомобили на секаде, а СДСМ не реагира преку институциите, кои сеуште се под нивна контрола. Ова само говори дека или мафијашите делуваат под нивна наредба или дека се неспособни да се справат со обични криминални пресметки кои им се случуваат пред нос.
Безбедноста во град Скопје е на очајно ниско ниво, а никој за тоа не сноси одговорност.
Граѓаните не знаат кога нечие возило ќе биде опожарено, некој од нив ќе биде ограбен или пак ќе биде жртва на криминални банди. Никој не се чувствува безбеден со СДСМ на власт. За трагедијата да биде уште поголема, СДСМ воопшто не може да ја гарантира безбедноста на луѓето. Ова е пракса веќе три години.
Криминалот и мафијашките пресметки мора да запрат. За ова мора да има одговорност. Безбедноста на граѓаните е пред се“ порачаа од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

